Бесими во посета на Брисел: Забрзувањето на ЕУ интеграциите важно за политичката стабилност и економскиот просперитет

Заменик претседателот на Владата задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими престојува на дводневна посета во Брисел. Денес тој се сретна со извршниот генерален секретар на Европската служба за надворешни работи Пјер Вимонт како и со директорот за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи,Фернандо Џентилини.

На средбите се разговараше за процесот на интеграција на Република Македонија како и за последните постигнувања на земјата во однос на членството во Европската Унија.

Заменик претседателот на Владата, ја повтори заложбата за европската интеграција нагласувајќи дека таа останува стратешки приоритет на новата влада на Република Македонија. Тој информираше дека Македонија продолжува да работи на реформите и спроведување на приоритетите кои произлегуваат од извештајот за напредокот и заклучоците на Европскиот Совет а се следат преку Акциски План со мерки и активности со цел адресирање на приоритетите како што се реформите во судство и независно судство и зајакнување на довербата во институциите, човекови права, слобода на изразување, добри меѓуетнички односи како и добри соседски односи.

Врз основа на тоа тој нагласи дека очекуваме дека прогресот на земјата ќе биде нотиран во есенскиот извештај за напредок на Европскиот Совет.

Бесими нагласи дека европската интеграција е клуч за внатрешната и регионалната интеграција а нагласи дека ситуацијата на статус кво е неодржлива за Македонија како и за стабилноста на целиот регион.

Заменик Претседателот Бесими информираше дека Република Македонија е отворена и подготвена за наоѓање на заедничко решение за отвореното прашање за името со Република Грција.

Во таа насока, Вицепремиерот Бесими побара поддршка од ЕУ и нејзините институции за олеснување на дијалогот за отвореното прашање со Грција со цел забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија, како и за продлабочување на соработката со ЕУ институциите во спроведувањето на реформите пред официјално започнување на преговорите за членство преку креативни решенија и механизми во рамките на постојната институционална рамка.

Теми на разговор беа политичкиот дијалог со опозицијата и меѓуетничките односи и заедно се констатира дека важно Македонија да покаже капацитет и успешно да ја менаџира ситуацијата бидејќи тоа има влијание врз процесот на Европската интеграција на Република Македонија.

На состанокот се разговараше и за процесот на интеграција на регионот на Западен Балкан при што Вицепремиерот Бесими стави акцент на значењето Проширувањето на ЕУ да биде приоритет на новиот состав на Европската Комисија.