Бесна корисничка на фризерски салон повика полиција поради лоша нијанса

По трите неуспешни обиди на фризерот да ја погоди посакуваната нијанса на бојата, разгневената клиентка повикала полиција на итниот број 110 за да ја изрази својата огорченост, објави седмицава полицијата во северниот германски град Либек.

Настанот се одиграл во салон во централниот дел на градот во кој се сместени луксуни продавници и дуќани, во непосредна близина на центарот Марципанштадт.

Полицијата веднаш ја предупредила навредената клиентка на фризерскиот салон дека споменатиот број е наменет за итни случаи, како и дека долку сака да бара отштета би требало да поднесе граѓанска тужба, пренесува новинската агенција DPA.

„Секогаш сакаме да помогнеме, но полицијаците не се вистинските луѓе за разговор за фризурата, особено не на бројот за итни случаи“, порача полицијата на својата страница на Facebook.