Беснеат големи пожари во Словенија: Пожарникарите се исцрпени (ФОТО)

ри големи пожари моментално се активни на територијата на Словенија. Пожарникарите кои цела вечер се бореле со огнената стихија се исцрпени, информираат од пожарникарската единица Рибница.

Словенечките медиуми јавуваат дека нивната најголема грижа била пожарот во селото Кларичи, блиску до италијанската граница. Во гаснењето на самите пожари покрај пожарникарите, вклучени се и канадери и специјалци од Хрватска и Словачка.

– Сите надлежни служби добро си ја вршат работата. Словенечката армија е активирана, во готовност е и пешадијата во случај на потреба – напиша претходно денеска на Твитер словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец.

Подоцна тој за медиумите изјави дека околу 1.100 пожарникари го гаснат пожарот.