Беснеат пожари на Арктик

Арктикот во последниов месец е зафатен со големи пожари, кои се протегаат од Гренланд преку Сибир со Аљаска, а штетата е огромна.
Од јуни до крајот на јули на подрачјето на Арктикот се регистрирани повеќе од 100 пожари.
Како што пишува „Гардијан“, станува збор за пожари кои се толку масивни што се гледаат и од свемирот. Најлоша е состојбата на Алјаска и Сибир, каде што пожарите се најголеми, некои со толкави размери што зафаќаат површина на која можат да се сместат 100.000 фудбалски терени.
„Гардијан“ наведува дека овие пожари би можеле да ги забрзаат климатските промени.