Бесплатен автобуски превоз за „Белата ноќ“

Автобусите на ЈСП за време на манифестацијата „Бела ноќ“ ќе возат бесплатно кон центарот на градот, информираат од претпријатието.

Сакаме да ве информираме дека по повод манифестацијата „Бела ноќ“, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот. Бесплатниот превоз ќе важи од 19 часот во сабота (6.10.2018 година), до 6 часот во недела (7.10.2018 година), велат од ЈСП.