Бесплатната Академија на Инфинум со програма за развој на мобилни апликации за првпат во Македонија

25

Скопје за првпат ќе биде домаќин на 5-неделната бесплатна едукативна програма наменета за студенти, кои сакаат да научат како да креираат апликации за паметни телефони. За да се квалификуваат на Инфинум академијата, апликантите треба да поминат приемен испит, а пријавувањата се до 15 мај.

Инфинум академијата со мисија да им помогнеме на студентите и на дипломираните инженери во подобрување на нивните вештини во дизајнирање и развој на модерен софтвер. Курсевите опфаќаат теорија, но поголемиот дел од времето на студентите е посветено на практични задачи. Сите заинтересирани може да се информираат директно преку https://academy.infinum.com/ – вели Ѓорги Ќосев, директор на Инфинум Македонија.

Од 2015 година, досега повеќе од 350 студенти од Хрватска, Словенија и од Црна Гора успешно дипломираа на Академијата. Програмата доби повеќе признанија и награди за нејзиното влијание и придонес кон заедницата.

– Кога се запишав на Инфинум академијата, немав никакво искуство поврзано со Андроид. Научив толку многу низ часовите, што успеав да си направам своја апликација. Навистина сум горда што ја добив оваа неверојатна можност – вели Јелена од Хрватска.

Во текот на годините, повеќе од 87 дипломирани студенти од Академијата се вработија во Инфинум, а некои од нив сега се на високи позиции во компанијата.

– Знаењето и поддршката што ни ја пружи нашиот ментор беше одлично и корисно искуство, било да е тоа преку неговиот ангажман на предавањата или помошта за домашните задачи. Во само 5 недели научив многу за креирањето мобилни апликации – вели Петар од Словенија.

Студентите може да изберат меѓу курсевите за iOS и за Android и да учат од најдобрите инженери на Инфинум. Опрема на „Епл“ ќе биде обезбедена за студентите што ќе изберат курс за iOS.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.