Бесплатни дерматолошки прегледи од Клиника Жан Митрев по повод месецот на меланома

Клиника Жан Митрев спроведува бесплатни прегледи за превенција на меланома – канцер на кожа, во Скопје беа прегледани и советувани над 50 граѓани, а следната недела еднодневни бесплатни прегледи ќе се прават во Битола и во Струмица.

Дерматолози специјалисти од Клиника Жан Митрев ги спроведуваат бесплатните дермоскопски прегледи како превенција за појава на рак на кожа и соодветна заштита од канцер на кожа и како поддршка на Европската кампања за зголемување на свесноста за ова заболување.

Покрај прегледите, пријавените граѓани добиваат и совети како правилно да се грижат за здравјето на кожата. Прегледите ги спроведуваат дерматолозите д-р Анџелка Илиева и д-р Александра Лазаревска и тоа со претходно закажан термин.

Клиничката болница Жан Митрев секоја година традиционално со бесплатни прегледи и советување на граѓаните ја поддржува Европската кампања за подигање на свеста за рано откривање на карцином на кожа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.