Бесплатни курсеви по чи гонг, јога, и јазици во Илинден

Културно едукативниот центар „Илинден“ веќе десет години ја извршува својата едукациска дејност во рамките на општина Илинден. Бесплатните курсеви по англиски, германски, италијански, шпански, француски и кинески јазик, гитара, сликарство, јога, модерен балет, фолклор, народно пеење, фотографија, актерска игра и креативно пишување ги посетиле над 5.000 ученици на возраст од 8 до 16 години.

Својата успешна работа, Културно едукативниот центар „Илинден“ оваа година ја проширува со отварање на нови бесплатни курсеви по англиски и германски јазик за сите возрасни жители на општина Илинден.

Исто така, покрај новите бесплатни курсеви по англиски и германски јазик за сите заинтересирани возрасни жители на општина Илинден, се воведуваат и нови курсеви по Јога и Чи Гонг, како превентива и одржување на доброто здравје.

Позитивното и превентивното делување кога се практикуваат овие физички дисциплини го покажува и фактот што и на Универзитетската Клиника во Минхен, Германија се вклучени во нивната програма за превентива и лекување.

Сите заинтересирани возрасни жители на општина Илинден може бесплатно да ги посетуваат овие курсеви, а уписите ќе се извршуваат секоја сабота од 9 до 12 часот во ОУ „Гоце Делчев“ населба Илинден, ОУ „Ристо Крле“ населеното место Кадино и ОУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.