Бесплатни проекти за уште шест типски куќи (ГАЛЕРИЈА)

Бесплатни проекти за уште шест типски куќи се достапни за симнување од страницата на министерството за транспорт и врски.

Граѓаните заинтересирани да градат куќа, доколку истото го прават по некои од овие архитектонси проекти, можат да заштедат од 900 до 2000 евра од инвестицијата.

Од министерството потенцираат дека освен намалување на трошоците за градба, со мерката се кратат и роковите за добивање на одобрението за градба.

Според податоците на министерството, дека до крајот на 2016-та, првите шест проекти за објекти за индивидуално домување биле симнати од веб страницата над 10 илјади пати.

Заради интересот, се распиша нов тендер за идејни решенија за уште шест куќи со различна квадратура. Така, граѓаните сега може да избират бесплатен проект за изградба на куќи од 50, па се до 200 квадрати.

Ова е една од мерките, покрај станбените субвенции и земјиштата за типски населби, чија цел е поттикнување на инвестиците во домувањето.

Освен од интернет, проектите може да се подигнат и во министерството.

Ова се сите 12 бесплатни проекти за куќи кои се достапни за граѓаните:

1. Типска куќа – 50 м2

r

2. Типска куќа – 60 м2

e

3. Типска куќа – 70 м2

er

4. Типска куќа – 80 м2

s

5. Типска куќа – 90 м2

s1

6. Типска куќа – 100 м2

s2

7. Типска куќа – 110 м2

s3

8. Типска куќа – 120 м2

s4

9. Типска куќа – 130 м2

s5

10. Типска куќа – 150 м2

s6

11. Типска куќа – 180 м2

s7

12. Типска куќа – 200 м2

s8

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.