Бетис преку Валенсија на врвот на Ла Лига

Во последниот натпревар од саботата програма на петтото коло на шпанскот фудбалско првенство Реал Бетис на гости ја победи Валенсија со 2:0 и заседна на чело на табелата.

Победата на гостите од Севилја им ја донесоа погодоците на Серхио Каналес во 19 и Кристијан Тељо во 74 минута. Реал Бетис сега е прв со 9 бодови од пет натпревари, доидека Валнсија е 6-та со седум бодови, исто така, од пет кола.

Претходно во саботата гостинска победа забележа и Еибар со 2:1 кај Вајадолид. Гостите поведоа во 29 минута од пеналот кој го реализираше Естебан Бургос, а домашните брзо веќе во 37 минута израмнија со голот на Тони Виља. Ејбар во 73 минута остана без исклучениот Папакулои Диоп, но и покрај тоа со голот на Кевин Родригез во 90 минута забележа вредна победа.

За Ејбар ова беше првата победа по трите стартни порази и реми, и сега со четири бодови е на 15-ти место, додека Вајадолид е претпоследен 19-ти со само два бода од пет кола.

Атлетико Мадрид не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и одигра без голови со Вилјареал. Атлетико одигра само три натпревара во кои освои пет бодови и моментално е на 11-ти место, додека Вилјареал со осум бодови од пет кола е на моментално трет на табелата.

Без голови заврши и дуелот меѓу Елче и Хуеска, иако новакот во лигата имаше многу повеќе обиди да постигне погодок . Од 18 обиди четири беа упатени во рамките на противничкиот гол, додека домашните упатија само два удара кон голот на гостите. Елче одигра три кола во кои собра 4 бодови и е 15-ти, и има ист број бодови колку и Хуеска но од пет кола која е место погоре.

Реал Сосиедад со 3:0 дома беше сигурен против Хетафе. Стрелци беа Микел Ојарзабал во 28 минута од пенал, Микечл Мерино во 79 и Порту во 81 минута. Сосиедад е моментално втор на табелата со осум бодови од пет кола, а Хетафе со меч помалки и седум бодови е 5-ти.

Во недела се закажани дуелите: Осасуна – Селта Виго, Алавес – Атлетик Билбао, Леванте – Реал Мадрид, Кадиз – Гранада и дербито Барселона – Севилја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.