Бето О’Рурк денеска ќе ја објави кандидатурата за претседател на САД

Роберт Френсис „Бето“ О’Рурк, член на Демократската партија од сојузната држава Тексас, кој стана нова политичка ѕвезда, во четвртокот би требало да ја објави кандидатурата за демократската номинација за американските претседателски избори 2020 година, рекол во средата извори близок на неговата кампања.

Четириесет и шестгодишниот Бето О’Рурк, поранешен пратеник со три мандата од западен Тексас, тоа ќе го објави преку видео снимка на социјалните мрежи, рекол изворот пренесува агенцијата Reuters.

По оваа објава О’Рурк ќе отпатува во сојузната држава Ајова, каде што ќе се одржат првите демократски предизбори во февруари 2020 година.

О’Рурк се надева дека ќе ја искорист и славата од минатогодишната трка за Сематот кога му се спротистави на републиканецит Тед Круз во многу конзервативниот Тексас.

Неговиот обид да влезе во Сенатот му донесе големо медиумско внимание и ги раздвижи гласачите на Демократската партија којашто има очајна потреба од нови политички лица. Ги загуби изборите со помалку од три процентни поена во однос на Круз, што е најтесната трка за Сенатот во четири децении.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.