Без договор за цената на струјата меѓу Македонија и Бугарија

Бугарија и Македонија не успеаја да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје, објави во неделата БНР.

Работна група од Македонија престојуваше во Софија, а на состанокот учествуваа директорите на македонските енергетски компании – Васко Ковачевски од АД ЕСМ и Орхан Муртезани од МЕПСО, како и Виктор Андонов како советник на премиерот Димитар Ковачевски, како што беше соопштено претходно од Владата.

На средбата не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија.

Во текот на претстојната седмица повторно ќе има состанок на работните групи за втор обид да се постигне договор за снабдување со електрична енергија.

На почетокот од септември беше објавено дека премиерите на двете земји. Галаб Донев и Димитар Ковачевски, се договориле да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Македонија