Без конкретен исход од мини самитот на ЕУ за имиграцијата

Челниците на 16-те земји членки на Европската унија изразија подготвеност да најдат заедничко решение за долготрајната дебата околу имиграцијата, но нивната средба во неделата во Брисел заврши без конкретни решенија.

Лидерите, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел којашто е под притисок во татковината да го реши тоа прашање или да ја растури седумдецениската коалиција со баварските конзервативци и се сметаше дека овој минин-самите е свикан токму за нејзино политичко спасување, се обврзаа дека ќе „саботата кон решение следните денови“, а во четврток и петок ќе се одржи самитот на сите европски премиери. Неделниот отворено објавија дека го бојкотираат централноевропските земји членки од ткн Вишеградска група: Унгарија, Полска, Словачка и Чешка.

„Ќе продолжиме да работиме на решавањето на овие прашања. Денеска имаше многу добра волја тоа да се стори, а освен неколку несогласувања, имаше и многу единство“, рече Меркел.

Сѐ поусвитената дебата околу имиграцијата и политиките на азил, со којашто Европската унија е преокупирана од мигрантската криза во 2015 година, повторно стана актуелна минатата седмица, во голем дел и поради ултиматумите коишто на Меркел ѝ ги поставуваат нејзините сојузници во Германија, кои ја обвинуваат дека со својата либерална имигрантска политика на „отворени врати“ предизвикала преплавување на земјата со азиланти како и јакнење на крајната десница за сметка на демохристијаните.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, од баварската конзервативна Христијанско-социјална унија (CSU), која е во коалиција со Христијанско-демократската унија (CDU) на Меркел и се подготвува за локалните избори во октомври, се закани дека ќе ги игнорира желбите на канцеларката и ќе нареди полцијата да ги одбира барателите на азил на границите, доколку Меркел не обезбеди широк договор во ЕУ за поправедна распределба на имигрантите. Ова прашање внесе раздор во седумдесетгодишниот сојуз на конзервативците, како и во самата CDU каде што младите сили бараат Меркел да си замине на половината од мандатот, и е најголемиот предизвик во нејзината досегашна кариера и го покрена прашањето за можен распад на нејзината коалиција само стотина дена откако стапи на власт а со тешки преговори беше исрпеговарана по три месеца.

Меркел во Брисел изјави дека не очекува „целосно решение за проблемот со имиграцијата“ на самитот во четврток и петок. „Поради тоа е важно да се направат трилатерални и билатерални договори кои се добри за сите страни“, рече германската канцеларка. На тој начин таа порача дека државите не треба „секогаш да ги чекаат сите 28“ членки за да се пронајде решение.

Ја истакна потребаа од солидарност, изјавувајќи дека не може да се остават „на цедило“ државите на првата линија илегалните миграции „бидејќи тоа би значело дека мора да ги решат сите проблеми самите“. Но предупреди дека имигрантите не смеат да „избираат која членка на ЕУ би требала да го процесуира нивното барање за азил“.

Покрај политичките турбуленции во Германија, прашањето на имиграцијата стана централна тема и поради стапувањето на власт на новата влада во Италија, којашто одлучи земјата да престана да ги прифаќа имигрантите од спасувачките бродови кои ги финансираат невладини организации и го носат во нејзините пристаништа. Во Италија последните четири години влегле речиси 700 илјади имигранти. Минатата седмица Рим одби да прими брод со повеќе од 600 имигранти спасени близу Либија, порачувајќи ѝ на Франција од каде што стасаа критики да не ги протерува имигрантите од нејзина територија. Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави во неделата дека Италија сака „радикална промена“ на имигрантистката политика на ЕУ.

Даблинското правило, според коешто имигрантите треба да побараат азил во првата членка на ЕУ во којашто ќе пристигнат, треба сосема да се промени, смета Конте. Реле дека Италија има предлог за потполно нов пристап кон прашањето на имиграцијата и азилот кој го нарече „Европска повеќеслојна стратегија за миграциите“. „Таа стратегија има шест услови и десет цели. Тоа е предлог чија цел е надминување на Даблинското правило“, рече Конте.

Според овој предлог имигрантите не би требало да стасаат во Европската унија којашто движењето на барателите на азил во нејзините граници треба да го направи „исклучок“. Рим предлага и отворање центри за прифаќање во транзитните држави, а во медиумите се споменуваат земји како Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, во соработка со Обединетите народи и Меѓународната организација за имигранти, во кои што ќе се анализираат бараните азили. Се предлага и јакнење на надворешните граници на ЕУ, а оние кои се спасени на море да се разместат по центрите за прифаќање ширум ЕУ.

„Не можеме сите да ги доведуваме во Италија и Шпанија“, се наведува во италијанскиот предлог. Конте по средбата со другите челници изјави дека Рим е „задоволен“. „Расправата во текот на нејзиното траење ја насочивме на вистинскиот пат“, заклучи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.