Националанта Арена „Филип Втори“ и македонската престолнина овој вторник ќе бидат домаќини на престижниот европски Суперкуп во кој силите ќе ги одмерат европските великани Реал Мадрид и Манчестер Јуајтед, а бидејќи до огромниот сепктакл не делат нешто повеќе од 48 часа, фудбалската куќа во нашата земја ги прави последните подготовки за големото случување.
ФФМ во соработка на УЕФА внимава на сите детали и барања кои треба да се одработат до најситен детаљ за еден ваков натпревар, па ова попладне им нагласи на сите македоски љубители на фудбалот дека нема да смета да носат знамиња со национални обележња за време на натпреварот.
„Почитувани љубители на фудбалот, УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија упатуваат потсетување до сите љубители на фудбалот кои имаат билет и ќе присуствуваат на натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед на Националната арена ‘Филип Втори’ дека ќе биде дозволено внесување на знамиња единствено на клубовите финалисти, како и националните знамиња на земјите од каде што клубовите доаѓаат (Шпанија и Англија). Знамињата не смеат да бидат поголеми од еден метар и 250 сантиметри во нивниот најширок или најдолг дел. Во спротивно истите ќе бидат одземени. Исто така, ќе бидат одземени знамиња кои пренесуваат порака со загрозувачка содржина за јавната безбедност, застапуваат нечиј став, или имаат навредливи и дискриминаторски пораки. Ќе бидат одземени знамињата кои го попречуваат видикот на гледачите и прегледот на телевизиските камери. На сите гледачи им посакуваме незаборавен Супер Куп / Скопје 2017“, се вели во соопштението на ФФМ.