Без оглед на се, изборниот модел со една зиброна единица ќе оди на гласање во Собранието

Отсуството на консензус за премиерот нема да биде пречка да ја почне процедурата за промена на изборниот модел во една изборна единица.

Иако не е сигурен дека ќе обезбеди мнозинство, Заев вели дека предлогот за измени сепак ќе го стави на гласање пред пратениците.

Во опозицијата нема промена на ставот.

Против се и во ДУИ. Пратеникот Артан Груби вчера уште еднаш потенцираше дека неговата партија нема да поддржи една изборна единица.

За да биде сменет изборниот модел на премиерот Заев ќе му требаат повеќе од 60 пратеници во Собранието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.