Без победник на дербито во Рим, Аталанта на врвот

Rome, Italy, 04 October 2020. ANSA/ANGELO CARCONI

Во првото од превите два дерби дуели во неделата од третото коло на италијанското фудбалско првенство Лацио и Интер одиграа без победник 1:1, а Аталанта со уште една висока победа привремено го заседна врвот на Серија А.

Лацио и Интер одиграа меч во кој доминираше нервозата на двете страни, што резултираше со два црвени картона, по еден и за двете екипи.

Гостите поведоа во 30 минута преку Лаутаро Мартинез, а израмни Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 55 минута. Во 70 минута Лацио остана без исклучениот Чиро Имобиле кој го удри Артуро Видал, додека Стефано Сенси беше исклучен на спротивната страна во 86 минута поради грубото туркање на Патрис Габарон. Во самиот финиш од дуелот Марсело Брозовиќ можеше да им ја донесе победата на гостите, но неговиот удар од работ на шеснаесетникот заврши во стативата.

Интер сега е трет со 7 бодови од а го следат Наполи и Милан кои вечерва ќе ги играат своите дуели од третото коло. Лацио со четири бодови е на деветтото место на табелата.

Во првиот неделен меч во Серија А, Аталанта со 5:2 на свој терен ги победи Калјари. Ова беше уште една ефикасна партија на тимот од Бергамо, кој заседна на првото место на табелата со максималните девет победи, откако во првите два кола ги совлада Лацио со 4:1 и Торино со 4:2. Калјари со вториот пораз има само еден бод и е 17-ти.

Стрелци за Аталанта беа Луси Муриел во 8, Алехандро Гомез во 30, Марио Пашалиќ во 38, Дуван Запата во 43 и Сам Ламерс во 82 минута, додеа за Калјари прецизни беа Диего Годин во 25 и Жоао Педрио во 53 минута

Парма на својот терен ѝ го нанесе првиот пораз сезонава на Хелас Верона, која има две победи. Стрелец на победоностниот погодок беше по само 90 секунди игра Јасмин Куртиќ. Верона со шест бодови моментално е на шестото место, додека за Парма по двата воведни пораза ова беше првиот триумф и со три бода е 16-та.

Беневенто ја оствари и втората победа во својата премиерна сезона во италијанската фудбалска елите, откако во неделата со голот на Џанлука Лападула во 67 минута на свој терен ја совлада Болоња.

Подоцна во недела Милан ја пречекува потценетата Специја, а во Торино треба да се одигра дербито меѓу Јувентус и Наполи за кој сигурно нема да настапи македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој беше позитивен на тестот на коронавирус.