Без победник од драмата во „Јане Сандански“

35

Европскиот и македонски ракометен шампион Вардар и полскиот првак Кјелце во саботата како што се очекуваше одиграа неизвесен и драматичен натпревар во Лигата на шампионите кој заврши без победник (28:28), иако Вардар водеше со пет гола во првиот дел, а Кјелце имаше три гола предност во второто полувреме, но Калифа Гедбан се разбрани кога беше најпотребно и донесе неизвесен финиш во кој „Црвено-црните“ не реализира напад за победа.

Натрпеварот започна позитивно за Вардар, иако д имаше доста проблеми во бековската линија поради отсуството на Дисингер и Кристопанс кои не беа во стартниот тим на „црвено-црните“. Чупиќ ја презеде улогата на бек, на спротивната страна покриваше Атман, па со Скубе како разигрувач имот функционираше.

Дибиров и Шишкарев беа најзаслужните кога Вардар првпат се одлепи и поведе со 8:5 во 11 минута, а потоа Кјелце во настојувањаето да ја забрза играта правеше грешки во низа, што на македонскиот претставник му донесе предност од „плус пет“ 10:5. Но, следеше пад на Вардар во моментите кога се форсираше играта „седум на шест“, па Кјелце погодуваше во празниот гол и се врати на 10:9, а потоа дојде и до прво изедначување 13:13.

Вардар имаше проблем и на голот, бидејќи до 23 минута Кугис имаше само една одбрана, но тогаш Јлеце прејде во водство со 15:14. Во тие моменти Калифа Гедбан имаше две одбрани во низа, а Дибиров и Стоилов реализираа во нападот, па Вардар на полиувремето замина со минимална предност 16:15.

Вардар влезе добро во вториот дел и набрзо оставри позитива од три гола 21:18, но повторно стратегијатѕа „седум на шест“ беше во полза на Кјелце кој израмни на 22:22, а набрзо направи пресврт и прејде во водство од 24:22, а на петнаесетина минути пред крајот полскиот клуб имаше и „плус три“. Гедбан во тие моменти имаше одлична интервенција која се надоврза на реализациите на Скубе и Чупиќ и Вардар ја проби агресивната одбрана на гостинот и израмни на 26:26. По новата одбрана на Гедбан на резултат 27:27, Вардар доби напад за предност кој го реалзираше Скубе за 28:27. Во последните минута и пол, Вардар играше со ракометар помалку поради исклучување на Шишкарев, не беше реализиран напад за ново водство, но Гедбан пак одбрани, а Вардар имаше напад за победа кој не го реализира Скубе.

Најдобар стрелец кај Вардар беше Скубе со седум гола, а Чупиќ го следеше со шест, додека Стоилов заврши со четири гола. Кај Киелце, Јанц реализира седум пати, Фернандез беше одличен со 6/6, а Душебаев даде пет гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.