Без победник во мадридското дерби, Атлетик до победата во продолжението

Во дербито од 26-то коло на шпанското фудбалско првенство големиот дуел меѓу мадридските великани Атлетико и Реал поделија по еден бод, што оди најмногу во прилог на второпласираната Барселона, која го намали заостанувањето зад водечкиот Атлетико на еден бод.

На стадионот „Ванда Метрополитано“ мечот заврши со резултат 1:1. Атлетико поведе во 15 минута кога поентираше Луис Суарез на додавање на Маркос Љоренте, што е 12-от погодок на уругвајскиот напаѓач против Реал, вклучително и оние постигнати во дресот на Барселона.

Реал можеше да израмни три минути по водството на „Јорганџиите“, но домашниот голман Јан Облак беше подготвен за шутот на Карим Бензема. Во 41 минута се случи спорна ситуација. Фелипе играше со рака во шеснаесетникот на Атлетико, судијата Алехандро Ернандез преку ВАР-от ја проверуваше ситуацијата одлучувајќи на крајот дека нема најстрога казна.

На почетокот од вториот дел Атлетико можеше да го удвои водството, но Јаник Караско и Суарес не искористија добри шанси, а подоцна се разбуди и Реал. Посебно Бензема имаше две одлични шанси, но Облак повторно одлично интервенираше. Сепак, во 88 минута францускиот напаѓач конечно израмни по асистенцијата на Каземиро.

Ателико сега има 59 бодови, Барселона го следи со 56 а Реал со 54 бодови, но двата клуба имаат меч повеќе од водечкиот во Ла Лига.

 

Во првиот неделен натпревар Хуеска и Селта Виго со низа престврти постигнаа вкупно седум погодоци, а славеа гостите со 4:3. Гостите поведоат со 1:0, а потоа Уеска со два брзи погодока направи пресврт во своја полза на 2:1. Селта возврати со два погодока за водство со 3:2, домашните потоа израмнија, но гостите со четвртиот погодок дојдоа до победата.

За Уеска стрелци беа Димитрис Словас во 14, Рафа Мир во 16 и Давид Фереиро во 74 минута, додека за Селта погодина Санти Мина во 5, Нолито во 37, Уго Маљо во 53 и Фран Белтран во 76 минута.

Селта Виго е деветта со 33 водови, а Уеска остнаа последна 20-та со 20 бодови два бода од позициите кои гарантираат опстанок во Примера.

 

Реал Сосиедат минимално со погодокот на Микел Мерино во 10 минута го совлада Леванте. Реал Сосиедад сега има 45 бодови, со кои е на петтото место од кое директно е во моментов во пласиран во Лига Европа. Леванте е 11-ти со 32 бодови.

 

Во последниот дуел од неделната програма Атлетик Билбао иако поведе уште на самиот почеток од дуелот со Гренада, до победата дојде во последните во самиот финиш.

Баскискиот клуб поведе во 3 минута со голот на Асиер Виљалибре, а Атлетик можеше да го реши мечот во 71 минута, но Раул Гарсија не реализираше пенал. Казната стаса веќе во 78 минута кога израмни Хорхе Молина, и кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Алекс Беренгуер во судиското продолжение погоди за 2:1.

Атлетик Билбао се искачи на осмото место на табелата со 33 бодови, минувајќи ги деветтата Селта Виго и сега десеттата Гранада кои имаат ист број бодови.

 

Во понеделник вечерта колото ќе го заокружи дуелот Реал Бетис – Алавес.