Без победник во Мерсисајд дербито, порази на Фулам и Лестер со новите тренери

Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да се вратат на првото место од англиската Премиер лига, откако во неделата во 29-то коло во градското Мерсисајд дерби на гости ка Евертон одиграа само 0:0.

Во едно од послабите изданија на ливерпулското дерби со долга историја, ова беше јубилеен 200-ти дуел во рамките на најсилните англиски натпреварување, во 77 победил Ливепрул а во 57 Евертон, додека 66 завршиле без победник.

Благодарејќи на овој резулат актуелниот шампион Манчестер Сити повторно се врати на врвот на табелата со 71 бод, а Ливерпул падна на второто со бод помалку. Сити се врати на првото место првпат по почетокот на декември. Евертон со 37 бодови е десетти.

Промените на тренерските клупи кај Лестер и Фулам не донесоа инстант резултат, и двете екипи беа поразени.

Фулам, кој пред три дена ја раскина соработката со Клаудио Раниери, во неделата на својот терен беше поразен од Челзи со 1:2. Сите погодоци паднаа во интервал од 11 минути во второто полувреме. Стрелци за гостите беа Гонзало Игуаин во 20 и Жиргињо во 31, а за домашните кои првпат ги водеше привремениот тренер 38-годишниот Скот Паркер, прецизен беше Калум Чемберс во 28 минута.

На девет кола пред крајот на првенството Фулам со 17 бодови е претпоследени 19-ти, а од зоната на спас го делат во моментов десет бодови. Чели со победата го задржа чекорот со Арсенал и Манчестер Јунајтед во борбата за Лигата на шампионите, со 56 бодови, еден односно два помалку, е шести на табелата.

Екипата на Лестер Сити, која првпат ја водеше Брендан Роџерс, со 1:2 е поразена на гостувањето кај Вотфорд. Дини уште во петтата минута ги доведе домашните во водство, а невниманието на нивната одбрана во 76 минута го искористи Џејми Варди и го постигна 99-от погодок во дресот на Лестер. Во втората минута од судиското прродолжение домашните, сепак, дојдоа до трите бода преку Андер Греј.

Вотфорд е осми со 43 бодови, а Лестер е 11-ти со 35 бодови.