Без победник во судирот на браќата Инзаги

The two brothers coaches, Simone Inzaghi of ss Lazio (L) and Filippo Inzaghi of Benevento Calcio (R) before the Italian Serie A soccer match Benevento Calcio vs SS Lazio at Ciro Vigorito stadium in Benevento, Italy, 15 December 2020. ANSA / MARIO TADDEO

Во првиот дуел од 12-то коло на италијанското фудбалско првенство, Беневенто и Лацио одиграа 1:1, а без победник но и без голови заврши и соочувањето меѓу Удинезе и Кротоне.

Натпреварот меѓу Беневенто и Лацио всушност беше пресметка меѓу браќата Инзаги, Филипо кој го преводеше домашниот тим додека Симоне е тренер на римската екипа.

Гостите поведоа во 25 минута со голот на Чиро Имобиле, а во последните моменти од првото полувреме израмни Пасквале Скјитарела, кој во судиското продолжение на натпреварот доби и црвен картон.

Беневенто моментално е 13-ти на табелата со 12 бодови, додека Лацио е 8-,и со 18 бодови но го лседи Аталанта со 17 бодови и два натпревара помалку.

Удинезе со бодот освиен на домашен терен моментално е 10-ти со 14 бодови, додека за Кротоне ова беше само шестиот бод сезонава и натаму е последен 20-ти во Серија А.

Во среда на распоредот се уште седум натпревари, а дербито на колото се игра во Торино каде што Јувентус ја пречекува Аталанта.

Во другите средби играат: Фиорентина – Сасуоло, Џенова – Милан, Интер – Наполи, Парма – Калјари, Специја – Болоња и Верона – Сампдорија.

Колото во четврток го затовра дуелот меѓу Рома и Торино.