Без поделена власт, без спреги и кочници меѓу законодавната, извршната и судската власт, нема демократија

Живееме во премиерски систем, но не од британски тип во кој „премиерот е месечина меѓу малите ѕвезди“, туку во западно балканска варијанта на практикување власт надвор од границите на правото, вели професорката по уставно право Гордана Силјановска Давкова.

Според неа, поделбата на власта е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.

Без поделена власт, без спреги и кочници меѓу законодавната, извршната и судската власт, нема демократија, нема правна држава, нема заштитени слободи и права на човекот и граѓанинот. Соочени сме со реална и опасна промена на уставно промовираната рамнотежа на власта, во корист на владата, пишува Силјановска Давкова на фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.