Без погодоци но со многу повреди во најголемото англиско дерби

Во најголемото дерби на англискиот фудбал Манчестер Јунајтед и Ливепрул на „Олд Треафорд“ одиграа бе голови, па „Редси“ повторно го заземаа врвот на табелата, но сега само со бод повеќе пред актуелниот шампион Манчестер Сити.

Приоритетот и за двете екипи беше да се остане непоразен, па таквиот пристап доведе да проследиме цврст натпревар во кој не беа создаден многу шанси. Поблиску до победата беа домашните фудбалери, кои о 40 минута ја има најубавата можноста за погодок на дербито, но Алисн Бекер му ја „симна“ од нога топката на Џеси Лингард.

Интерсерно е што Оле Гунар Солскјер уште во првото полувреме мораше да ги изврши сите три замени на играчи поради повреди, со што Манчестер Јунајтед стана првиот клуб во историјата на Премиершип во последните четири години кој ги извел трите замени во првите 45 минути.

Во 21 минута поради повреда од игра излее Андер Ерера, а три минути подоцна и Хуан Мата. На местото од Мата влезе Џеси Лонгард, но и тој во 44 минута мораше да го напушти теренот поради повреда. Во првите 45 минута замена на играч поради повреда мораше да изврши и стратегот на Ливепрул, Јирген Клоп, откако во 31 минута настрада Роберто Фирмињо.

Арсенал во првата четвртиниа од мечот го реши прашањето на победникот против гостинскиот Саутемптон. Стрелци за „Топчиите“ беа Алекснадр Лаказет во 7 и Хенрик Мкитаријан во 18 минута.

Ливерпул води на табелата со 66 бодови, а Манчестер Сити сега има само бод помалку. Тотенхем е трет со 60 бодови, Арсенал на четвртото место има 53 бодовои, додека Манчестер Јунајтед е петти со 52 бода. Саутемптон е 18-ти со 24 бодови, седум повеќе од Фулам на 19-то место кое директно води во понизок ранг.