Без политичка пристрасност, но со многу грешки и пропусти во истрагата на FBI за кампањата на Трамп

Надзорното тело на министерството за правосудство на САД објави дека се откриени многу грешки, иако не и докази за политичка пристрасност во истрагата на Федералното биро за истраги (FBI) за наводните контакти на претседателската кампања на Доналд Трамп и Русија во 2016 година.

Главниот инспектор Мајкл Хоровиц утврдил дека FBI имал втемелена правна причина да побара судска дозвола да започне надозр над Картер Пејџ, советник во кампањата на Трамп.

Меѓутоа Хоровиц нашол вкупно 17 темелни грешки и пропусти во оригиналното барање и во сите следни обновувања на барањата упатен на Судот за странски разузнавачки надзор (FISA). Тие грешки направиле случајот да изгледа посилен отколку што бил, тврди Хоровиц.

Директорот на FBI, Кристофер Вреј, се согласил со сите главни тези од извештајот на главниот инспектор Хоровиц. Државниот обвинител Вилијам Бар, пак, рекол дека ивештајот „покажува јасна злоупотреба на процесот FISA“.

„Извештајот на главниот инспектор сега јасно покажува дека FBI започнал агресивна истрага на американската претседателска кампања на најслабиот сомнеж којшто, по мое мислење, бил недоволен за да се оправдаат преземените мерки“, навел Бар во соопштение за јавноста.

„Исто така е јасно дека на нејзниот почекот доказите собрани со истрагата биле доследно ослободителни. Без оглед на тоа, истрагата и надозорот биле продолжени за целото време на кампањата и длабокот за време на администрацијата на претседателот Трамп“, додал Бар.

Истрагата на FBI е започната во летото 2016 година откако беше отфрлена истрагата за демократската претседателска кандидатка Хилар Клинтон поради нејзиното незаконско користење на приватен сервер и приватна електронска адреса за доверлива дипломатска комуникација додека беше државен секретар. Во мај 2017 година истрагата за кампањата на Трамп ја презема поранешниот шеф на FBI, Роберт Мјулер, откако Трамп го разреши Џејмс Коми.

Дваесет и двемесечната истрага на специјалниот обвинител Роберт Мјулер детално ја опишува но без никакви докази наводната руска кампања за наводно хакирање на серверите на Демократската партија и пропаганда за да ѝ се наштети на Хилари Клинтон, а да се поткрепи Трамп.

Мјулер во заклучоците од истрагата, сепак, наведува дека немало договор меѓу кампањата на Трамп и Москва. Трамп истрагата целото време ја квалификуваше како „политички лов на вештерки“ и ги напаѓаше челнциите на FBI и други агенти кои работеле на неа за политичка пристрасност.

Извештајот на Хоровиц не е крајот на ова прашање. Бар во мај го именуваше Џон Дархам, сојузниот обвинител од државата Конектикат, да истражи дали истрагата за наводниот договор меѓу камапњата на Трамп и Русија била прописно втемелена. Истрагата на Дархам во меѓувреме стана кривична истрага.