Без проблеми гласањето на заболените од Ковид 19 во Куманово, Липково и во Старо Нагоричане

22

Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане без проблеми се одвива гласањето на заболените од ковид 19 и лицата во самоизолација, потврдија денеска претседателите на општинските изборни комисии.

Претседателот на ОИК-Куманово, Драган Јовановски, соопшти дека право на глас имаат 12 заболени од ковид 19 и 19 лица во самоизолација. Претседателот на ОИК- Липково, Лирим Јашари информира дека денеска гласаат шест заболени и лица во самоизолација од таа Општина.

„Гласањето на тројцата заболени од ковид 19 во Старо Нагоричане заврши, соопшти претседателот на ОИК Старо Нагоричане“, Драган Јовановски.

Заменик претседателот на посебниот избирачки одбор, доктор Марјан Денковски изјави дека се се одвива според протоколите кои се одредени од државната изборна комисија заедно со комисијата за здравство.

„Членовите на посебната избирачка комисија за тоа беа обучени, беше реализирана обука, истите ќе бидат заштитени според протоколите, ќе бидат облечени согласно состојбата во која се наоѓаат граѓаните кои треба да го остварат своето гласачко право, знаете дека тие требаше претходно да се јават за да се организира вакво гласање извесен број од нив се јавија и во нашата општина“, изјави Денковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.