Без струја делови на Кисела Вода, Карпош, Сопиште и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот во град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Карпош, Сопиште и Ѓорче Петров.

Во периодот од 8.30 до 15 часот, без струја ќе останат корисниците од улицата Томе Томшиќ и дел од околните улици (општина Кисела Вода), од 9 до 11.30 часот корисниците од објектите околу Педагошкиот факултет на улицата Каирска (општина Карпош), од 8 до 16 часот корисниците од селото Нова Брезница, односно куќите на потегот помеѓу двете трафостаници (општина Сопиште), од 12.30 до 15 часот корисниците од улицата Александар Македонски, улицата Кадињача, дел од улицата Црногорска околу објектот бр. 45, дел од улицата Борис Сарафов од 142 до 148, како и улицата Андреја Папрадички (општина Ѓорче Петров).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.