Без струја делови на Студеничани, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Зелениково

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот и без електрична енергија ќе останат делови на Студеничани, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Зелениково.

Во периодот од 9 до 16 часот бз струја ќе бидат корисниците од селата Малчиште, Елово и Црн Врв (општина Студеничани), од 8:30 до 15 часот корисниците од места викани Куќине, Горни Ливади, Долни Ливади и Чешма во Кучевишка Бара (општина Чучер – Сандево), од 9 до 12:30 часот корисниците од дел од улиците Нов живот и Хаџи Јован Шишков (општина Шуто Оризари) и во периодот од 8:45 до 15 часот корисниците од дел од с. Орешани кои гравитираат кон селото Таор (општина Зелениково).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.