Без струја делови од Драчево, Островска, Кисела Вода, Козле и реонот околу салонот на „Мерцедес“ во Гази Баба

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од населбите Драчево, Островска, Кисела Вода и Козле и реонот околу салонот на „Мерцедес“ во Општина Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Како што се наведува во соопштението, според добиеното известување од ЕВН, од 08:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од населбата Драчево.

Од 08:30, па до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ѓорѓи Капчев“ во населба Островска во Општина Аеродром, а од 08:30 до 15:00 часот и корисниците од улица „Христо Татарчев“ крак 22 во населба Кисела Вода.

Од 09:00 до 11:00 часот без напојување со струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „852“, поточно објектите во околината на салонот на „Мерцедес“ во Општина Гази Баба, а од 10:00 до 13:00 часот и корисниците од дел од улицата „Миле Попјорданов“ во Козле.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.