Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров

Корисниците од бул. „Партизански одреди“ бр.165 во Ѓорче Петров утре (30 декември) од 9 до 10 часот ќе немаат струја поради планирани технички зафати во електросистемот.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, по известување добиено од ЕВН Македонија а.д., без електрична енергија утре од 9 до 14 часот ќе бидат и корисниците од зградите бр.7 и бр.8 на ул. „Руѓер Бошковиќ“ и од зградите бр.4 и бр. 7 и индивидуалните објекти со броеви 2, 4 и 7 на ул. „Бранислав Нушиќ во општина Карпош.