Без струја села во општините Студеничани, Ѓорче Петров и Шуто Оризари

Без електрична енергија на 17 мај (недела) ќе бидат корисниците во повеќе села во општината Студеничани, а на 18 мај (понеделник) корисниците во општините Ѓорче Петров и Шуто Оризари.

Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, без електрична енергија утре од 6 до 10 ќе бидат, корисниците од селата Горно и Долно Количани, Црвена Вода, Палиград, Вртекица, Рамни Габер, Цветово, Драчевица, Мала Река и Алдинци, како и објектите на МВР и АРМ на Солунска Глава во Oпштина Студеничани.

На 18 мај (понеделник) без електрична енергија од 9 до 12 ќе останат дел од корисниците од ул.„Фјодор Достоевски“ во општината Ѓорче Петров, а 9 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул.„Индира Ганди“ лоцирани кај фирмата „Џиди Комерц“ во општината Шуто Оризари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.