Без струја утре делови на Кисела Вода, Карпош, Центар и Гази Баба

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од дел од општините Кисела Вода, Карпош, Центар и Гази Баба.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Томе Стефановски” и дел од улицата „Шандор Петефи” во населбата Драчево. Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата „Козле”, под улицата „9″, под улицата „17″.

Во периодот од 13:30 до 15:30 часот, корисниците од улицата „Вич” зграда број 2 и број 4 и улицата „Разловечко востание” згради со броевите 2, 4 и 10.

Од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од дел од улицата „Његошева” и улицата „Софиска”. Од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата „Варшавска” и улицата „Париска” .

Од 11:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ” и објектот на Институтот за сеизмологија. Од 08:45 до 11:30 часот, корисниците од Австриска Резиденција, улицата „Караорман” и дел од улицата „Димитар Пандилов”.

Од 08:05 до 14:00 часот, корисниците од улицата „Тодор Чопов”, дел од улицата „Сава Михајлов”, и дел од улиците „Алија Авдовиќ”, „Константин Петковиќ”, „Роман Каскалиевиќ”, „Пролетна Офанзива”, „Трајко Китанчев”, „Надбискуп Чекада”, „Радован Ковачевиќ”, „Спиро Црне”, „Неготинска”, „Христофор Жефаровиќ”, „Тодор Ецов” во населбата Сингелиќ.

Прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.