Без струја утре делови од Илинден, Карпош, Ѓорче Петров, Студеничани и Бутел

Делови од општините Ѓорче Петров, Илинден, Карпош, Студеничани и Бутел утре во различни временски периоди ќе останат без струја поради изведување на технички зафати во мрежата.

Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија соопшти дека утре од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе биде населбата Кисела јабука, подулиците 20 и 22 – Црквиште, а од 08:45 до 15 часот „Макпетрол“, „Мулти пром“, фармата „Прима“, Колид, Чукур, Јурумлери и пумпите Бунарџик во општина Илинден.

Од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат жителите од улицата „6“ во селото Бардовци и околу црквата и гробиштата во општина Карпош, а од 9 до 13 часот улиците 1, 6, и 7 во селото Батинци.

Без струја ќе бидат и жителите од селото Кучково, рудник „Радуша“, село Гражани, викенд населбата „Веле Поле“, селото Кондово, Караулата Ќашка, викендичките во Кучково во периодот од 9 до 13 часот.

Од 11 до 12 часот без струја ќе биде дел од улицата „Бетовенова“ во Бутел 1 во општина Бутел.