Без струја утре делови од Кисела Вода, Карпош и Аеродром

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради технички зафати во електро-мрежата без струја во периодот од 09:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците на улица „Лондонска“, додека од 08:30 до 12:00 часот корисниците на дел од улица „Козле“ под улицата „1“, во општина Карпош.

Без струја утре од 08:30 до 17:00 часот ќе бидат и корисниците на улицата „Методија Шаторов Шарло“, во општина Аеродром.