Без вода дел од Аеродром и Бутел

Без вода во четвтро од 6,30 часот ќе останат корисниците од улицата „Цветан Димов“, а со намален притисок ќе бидат улицата Серава и Гинекологија Чаир во општина Чаир.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без вода корисниците ќе останат поради уличен дефект од Ф-100мм на улицата „Цветан Димов“ 98, а ќе трае до завршување на дефектот.

Од РЦУК информираат дека поради давање на водоводен приклучок од Ф-100 мм и ф-150 мм на висока и ниска зона на улицата „Коста Новаковиќ“ бб, со прекинато водоснабдување од 5:30 часот ќе останат корисниците од ул. „Коста Новаковиќ“ зградите 1, 5, 9, 18, 20 и 22, ул. „Вангел Тодоровски“ зградите .4 и 6, ул. „Владимир Комаров“ (23 Октомври) зградите 36, 38 и 40 како и касарната. во општина Аеродром).