Без вода дел од Драчево и „Јадранската магистрала“

Дел од корисниците лоцирани на улиците „Малешевска“, „Аилска“, „Јакупица“, „Румена Хаџипанзова“ и „Бранко Заревски“ во скопската населба Драчево, како и на „Јадранска магистрала“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекините се поради улични дефект на улица „Јустинијан Први“ број 2 во Драчево и на улица „Качанички Пат“ 1/16.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санираат дефектите.