Без вода дел од Росоман и Кавадарци

вода

Марјан Крстевски, техничар во организационата единица за водовод и канализација при кавадаречкото јавно претпријатие “Комуналец”, информираше дека се работи за дефект на линија фи 200.

– Во Кавадарци, без вода за пиење се жителите кои живеат кај новиот кружен тек во новиот центар на градот, но и оние на потегот кон Росоман, вклучувајќи ја тука и индустриската зона со неколку фабрики и други стопански објекти, појасни Крстевски.

Од росоманското комунално претпријатие соопштија дека како последица на дефектот, без вода за пиење се жителите од високата зона во Росоман и селото Манастирец, а селото Рибарци и жителите од ниската зона на Росоман, се соочуваат со намален притисок на водата во чешмите.

Како што нагласи Крстевски, на терен интензивно се работи на отстранување на дефектот и се очекува нормализирање на водоснабдувањето,  некаде околу 13 часот.