
Прекин во водоснабдување денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците од улиците „Чаирска“ и „Отокар Кершовани“ и факултетите при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, односно Економскиот факултет и Ректоратот.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-175 мм на улица „Крсте Мисирков“ бр. 9.
Од 9 часот денеска без вода ќе бидат и дел од жителите на улиците „Георги Димитров“ и „14 Декември“ во општина Кисела Вода. Прекинот е поради уличен дефект на улицата „Георги Димитров“ 66.
Поради уличен дефект на улицата „Преспанска“ број 16, прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат и корисниците од населбата Маџир Маало.
Водоснабдувањето во сите три реони ќе биде прекинато се до санирање на дефектите.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.