Без вода утре дел од жителите на Аеродром

Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од ниската зона од непарните броеви од бр. 61 до бр. 109 на булеварот „Јане Сандански” во населбата Аеродром.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на булеварот „Јане Сандански” бр. 107 во Аеродром.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. /МИА