Без вода за пиење жители на неколку скопски улици

Без вода за пиење од 9,30 часот, па се’ до санирање на дефектот на шибер затварач профил Ф-80 милиметри, денеска се корисниците од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанон и тоа на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до Католичка црква, корисниците од улиците Шумадинска, Киро Крстевски, Платник и Коле Неделковски.

Поради изведување на водоводни приклучоци профил ф-100 милиметри и ф 1 цол без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Бора Тодоровиќ, 518 и 519 и тоа од 11 часот па се’ до завршување на приклучоците.

Поради дефект на шибер затварач профил ф-100 милиметри на улица Иван Козаров број 49, без водоснабдувањеќе останат корисниците од улиците Иван Козаров, Киро Крстевски, Боте Боцевски и дел од корисниците од улицата Сава Ковачевиќ и тоа од 12,15 часот па се до санирање на дефектот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.