Без завршено основно се вработил во Суд

Жител на охридското село Драслајца со фалсификувана диплома се вработил во судот во Охрид, информираше МВР.

Станува збор за Н.Ѓ.(40) против кого се поднесени кривични пријави за повреда на права од работен однос, како и за продолжено кривично дело фалсификување исправа и поттикнување.

Според полицијата, осомничениот, кој немал завршено основно образование, за да обезбеди документи за вработување на работно место со повисока стручна спрема, поттикнал непознато лице да му набави фалсификува исправа.

Откако лицето му набавило фалсификувана албанска диплома за завршено средно образование, ја употребил на конкурс за вработување објавен во 2014 година, врз основа на кој се вработил во Основен суд Охрид на работно место „судски правен референт“ со надомест на плата од 16.000 денари, велат од МВР.