Безбедноста на граѓаните доведена во прашање со скандалозната одлука на Спасовски

Безбедноста и одрзувањето на јавниот ред и мир доведено под ризик, откако управните служби на полицијата вечерва останаа без овластување со скандалозната одлука на новиот технички министер на МВР, Оливер Спасовски.

Со одлуката на Спасовски за одземање на овластувањата, безбедноста на граѓаните е доведена во прашање. Со ова, Спасовски наместо контрола, направи блокада на цело министерство за внатрешни работи.

Ова практично значи дека полицијата е парализирана и дека во опасност е ставен целиот безбедносен систем на државата. Тоа значи дека директорот на Бирото за јавна безбедност во моментов не може да издаде наредба за акција дури и доколку дојде до киднапирање на дете или доколку дојде до некоја посериозна терористичка закана доколку тоа лично Оливер Спасовски не го дозволи.

Високи фунционери во МВР, искусни во своето работење велат дека вакво нешто не се случило во изминатите 20 години и никој не памети за донесување на ваква незаконска одлука на министер за внатрешни работи.

Ова не само што е незаконски и спротивно на се она што во изминатиот период беше дооворено меѓу политичките партии, туку претставува и целосно прекршување на договорот од Пржино и целата законска регулатива на уставната поставеност.

Ваквата постапка според извори во МВР може сериозно да го загрози безбедносниот систем и може на еден начин да претставува повик до сите криминално- терористички структури дека во моментов безбедносниот систем на државата е нарушен.