Бездомно семејство веќе два месеци живее под мостот „Близнак“

Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од бездомници кои живеат под мостот Близнак во населбата Аеродром.

Адем и Бајруша кои веќе два месеци се на улица се болни и не се работоспособни, а со нив е и нивниот син кој собира пластични шишиња.

Адем добивал социјална помош, но бидејќи не бил во состојба секој месец да се пријавува во Заводот за вработување, помошта е укината.