Речиси 300.000 учесници на протестите на „жолтите елеци“, една жртва и 227 повредени

Околу 284.000 демонстранти учестввуале во саботата во блокирањето на сообраќајот ширум Франција на повикот на движењето на таканаречените „жолти елеци“, при смртно настрадало едно лице а 227 се повредени, објави вечерта министерството за внатрашни работи.

Седум лица се тешко повредени, а меѓу нив и еден полицаец, објави министерството. Наведува дека се приведени 117 лица, а во саботата вечерта уште 200 точки биле блокирани. Помали судири имало на одредени блокади, во прв ред во Париз, каде што полицијата делумно ја затвори авенијата Елисејски полиња, кога демонстрантите се обиделе да дојдат до претседателската палата.

Очекувањата на организаторите на протестите против најавите за новите поскапуња на горивата се надминати, и биле организирани 2.000 протестни собири, блокирани се автопати, кружни текови, трговски центри, а се најавува дека собирите и блокадите ќе продолжат и во недела. Полицијата најави дека 5.000 полицајци ќе бидат мобилизирани до утрото.

„Жолтите елеци“, движење коешто нема централно водство и не е структуирано, и не објави ниеден податок за бројот на демонстрантите, името го добија октако преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да облечат ќолти флоуросцентни елеци и да го блокираат сообраќајот.

Сообраќајните несреќи, во кои една жена која ја превезувала својата болна ќерка во паника прегазила демонстрантка, фрлија сенка врз движењето коешто го изразува незадоволството кон францускиот претседател Емануел Макрон, за кој изминатата година по победата на изборите беше тешка а популарност му е во константен пад и досегна под 30 отсто, бидејќи мнозинството население е незадоволно од неговата голема програма за „трансформација“ на Франција.

„Жолтите елеци“ ги поддржуваат 73 отсто од Французијте, покажува анкетата на институтот Elabe, а владата на нив реагираше поделено. Така, премиерот Едуар Филип најави мерки за помош на возачите вклучително и заем од 4.000 евра за посиромашните семејства, за да ги заменат старите возила со нови, коишто помалку ја загадуваат животната средина, а што е цел и на најновото поскапување на некои видови горива, иако е познато дека Французите преферираат возила на дизел. Од друга страна, министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, најави дека безбедносните сили ќе дејствуваат насекаде каде што демонстрантите ќе го блокираат сообраќајот.

Премиерот Филип ја исклучи можноста владата да се откаже од планот за ново зголемување на данокот на горивата. Петицијата против зголемувањето на данокот на интернет ја потпишаа досега повеќе од 800.000 Французи.

Привразниците на Макрон ја обвинија крајно десната партија Национален собир која ја води Марин Лепен дека го преземала движењето „Жолти елеци“. Двата големи синдиката не го поддржаа движењето, токму поради шпекулациите за наводно учество на крајната десница. Меѓутоа, протестите ги поддржаа опозициските челници на десниот центар и на левицата.