Безос обвини таблоид за изнуда и уцена

Основач на Amazon, Џеф Безосз го обвини во четвртокот National Enquirer за изнуда и уценување, тврдејќи дека познатиот таблоид се заканил дека ќе ги објви неговите интимни приватни фоторгафи, доколку не се откаже од истрагата против овој весник.

Најбогатиот човеч на планетаа Џеф Безос и неговатра сопруга Мекензи Татл Безос минатиот месец објавија дека се разведуваат по 25 години брак на денот кога National Enquirer објави напис за аферата на Безост во кој се наведвуаат детали од приватни пораки.

Во личниот блог на Medium, Безост објави електронски пораки кои му ги проследител посредниците на Дејвид Пекер, директорот на „American Media Inc“, во чијашто сопственост е National Enquirer, и во коишто се наведуваат компромитирачки материјали кои ќе бидат објавени доколку не се откаже од истрагата како весникот дошол до неговите веќе објавени приватни пораки.

„Наместо да подлегнам на уцената и изнудата, решив да го објавам она што ми го испратија и покрај цената којашто ќе ја платам и срамотата со којашто се закануваат… Доколку јас, од позицијата што ја имам, не можам да ѝ се спротиставам на овој вид изнуда, колку луѓе можат?“, напиша Безос на Medium.

Педесет и петгодишниот Безос, кој во сите рангирања последните години е еден од најбогатите луѓе на светот, е сопственик на влијателниот дневен весник The Washington Post.

Пишува дека сакале да ги присилат да објави соопштение според кое не верува дека постапката на таблоидот била политички мотивирана.

„Порачаа дека имаат уште мои пораки и фотографии кои ќе ги објават, доколку не ја сопрам истрагата“, пишува уште Безос.

Додава и дека „незапирливото пишување“ на The Washington Post „за убиството на колумнистот Џамал Кашоги без дилеми е непопуларно во одредени кругови“.