Безос вети милијарда долари за пошумување на Африка

Проектот Големиот зелен ѕид во Сахел за кој во јануари беше најавено издвојување на 19 милијарди американски долари, веќе ги собрал речиси половината од ветените средства, а во понеделникот ја привлекол и донацијата на најголемата онлајн-продавница „Amazon“, Џеф Безос.

„На теренот веќе се обезбедени 48 отсто од парите“, изрази задовлство на францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот COP26 во Глазгов, на состанокот во врска со проектното пошумување на големиот копнен појас кој зафаќа 11 африкански земји.

Проектот Големиот зелен ѕид, започнат во 2007 година, го доби поттикот во јануари годинава по повод One Planet самитот во Париз на кој беше најавено издвојувањето на 19 милијарди долари.

На состанокот во понеделникот на кој учествувале и принцот Чарлс и Џеф Безос, а вториот рекол дека неговата фондација „утре ќе ја преземе обврската во износ од милијарда долари за обновување на почвата, главно во Африка“.

„Го поканивме принцот Чарлс, а принцот Чарлс го покани Џеф Безос. Не е лесно да се придобијат меѓународните фондации за сиве овие мали проекти“, изјави Макрон за новинарите.

Претприемачите кои се во врвот според богатството во светот, вклучително и Безос, се најдоа на удар на критиките дека трошат пари на комерцијални промотивни патувања во Вселената наместо да ги решаваат проблемите на Земјата.

Основачот на најголемата онлајн-продавница во светот по престојот во орбитата, изјави по летот со своето летало „New Shepard“ во јули дека станал свесен за кревкоста на планетата.

„Ми кажаа дека кога ќе ја видите Земјата од космосот, тоа го менува начинот на кој го гледате светот, но не знаев дека тоа ќе биде толку вистинито“, изјави Безос на конференцијата во Глазгов.

Неговата фондација „Earth Fund“ планира да даде вкупно десет милијарди долари за борбата против климатските промени.