Безживотно тело на седумгодишник најдено во поток крај Скопје

Безживотно тело на седумгодишно дете било пронајдено во поток во скопското село Грушино, информира МВР.

Вчера во 18 часот во Полициско одделение Арачиново било пријавено дека околу 110 часот во село Грушино од домот се оддалечил 7-годишниот Ш.Р. од истото село.

Во 20,15 часот од страна на полициски службеници детото е пронајдено во потокот крај селото, без знаци на живот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција – соопштија од полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.