Безживотно женско тело пронајдено на патот Гостивар – Кичево

На магистралниот пат Гостивар-Кичево во провалија покрај патот вчера било пронајдено безживотно тело, а на оддалеченост на околу три метри и оштетено патничко возило „шкода октавија“ со скопски таблички.

Во близина на телото е пронајдена и патна исправа на име на лице од Скопје, кој на 01.11.2014 година се оддалечил од својот дом и бил пријавен за исчезнат. Извршен е увид на местото, а поради временските услови увидот ќе продолжи во текот на денешниот ден.

Ќе биде извршена обдукција. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.