Би Би Си: Британската Влада нема план за Брегзит

98
брегзит

Во меморандумот, којн е доставен до „Тајмс“ и во кој Би-Би-Си имаше увид се предупредува дека британската Влада работи на 500 проекти поврзани со Брегзит и оти можеби би и биле потребни 30 илјади дополнителни членови на персоналот.

– Се уште меѓутоа нема заедничка стратегија за излегување од Унијата поради поделбите во Кабинетот, се наведува во истечениот документ.

Портпаролот на британската Влада изјави дека тоа не е владин извештај и оти не ја признава содржината на тој документ, нагласувајќи дека Владата е фокусирана на активностите за реализазција на Брегзит.

Во истечениот меморандум, кој го составиил анонимен советник и кој датира од 7 ноември, се најавува дека ќе бидат потребни уште шест месеци за Владата да одлучи што точно сака да постигне со Брегзит или да се усогласи кога станува збор за приоритетите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.