Би-Би-Си: Украина под најголем притисок од почетокот на инвазијата

Украинската војска е под најголем притисок уште од првите хаотични недели од војната, кога луѓето мислеа дека Русите за краток временски период ќе го заземат Киев. Русите сега се повлекоа од подрачја околу главниот град, каде ја изгубија битката, како и во други области на север. Украинските трупи се предадоа во Мариупол. Тоа значи дека Русите сега можат да се концентрираат на подрачјето на источен Донбас.

Моментално опкружуваат неколку, прилично големи, градови. Северодонецк е најголемиот. Тоа е само мало подрачје во однос на огромна земја со големина на Украина. Но, тоа е симболично, политички важно во однос на напредокот на војната, пишува Би-Би-Си.

Се чини оружјето што го праќа Западот, големи американски хаубици и слично, сè уште не дошло до тој дел на Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.