Бијонсе и Adidas лансираат родово неутрална колекција

Една од водечките во светот компании за производство на спортска опрема и реквизити „Adidas“ на 18-ти јануари ќе започен со продажбата на „родово неутрална“ колекција која ја дизјанираа заедно со пејачката Бијонсе и ќе го заживеат нејзиниот бренд „Ivy Park“ кој вклучува обувки, облека и модни додатоци во боите на костенот и портокалот.

Колекцијата којашто е на насловната страница на магазинот Elle, од „Adidas“ ја опишуваат како родово неутрална. Во колекцијата има комбинезони, дуксери, куси велосипедистички панталони, повеќето со тројната линија која е заштитен знак на спортскиот бренд.

Германскиот производител на спортска опрема ја започна соработката со Бијонсе во април за поворно да го претстави нејзиниот бренд „Ivy Park“ кој го лансираше во 2016 година со британски „Topshop“. Компанијата не ги изнесува финансиските поединости од партнерството.

Ова партнерство е остварено бидејќи во „Adidas“ настојуваат да привлечат повеќе женски купувачи откако заостануваа зад посилните конкуренти американски „Nike“ и германска „Puma“, чијашто продажба пораснала по соработката со пејачката Ријанна, која заврши минатата година.

Генералниот директор на „Adidas“, Каспер Рорштед, претходно во ноември соопшти дека не очекуваат моментална продажба на споменатата колекција, но се надеваат дека продажбата ќе расте со текот на времето.