Бијонсе, Кание Вест, Били Ајлиш се првите добитници на годинешните Греми

Изведувачите Кание Вест, Бијонсе и Били Ајлиш ги освоија во неделата вечерта првите признанија на годинешното доделување на најзначајните музички награди Греми (Grammy), во годината кога музичката индустрија се надева на закрепнување по паузата од цела година поради пандемијата на коронавирусот.

Вест ја доби наградата за неговиот госпел албум „Jesus is King“, а Бијонсе за најдобрата снимка „Brown Skin Girl“ која ја сподели со својата деветгодишна ќерка Блу Ајви.

Наградите се објавени пред главниот телевизиски пренос на мрежата CBS News, а станува збор за своевиден хибриден спектакл, слепен од претходно снимени изведни и јавувања во живо, но без вообичаентата публика од илјадници музичари и вработени во музичката индустрија.

Тинејџерката од Лос Анџелес, 19-годишната Били Ајлиш, која доминираше на минатогодишните Греми, годинава ја освои наградата за нејзината тема од најновиот филм од франизата Џејмс Бонд „ No Time to Die’. Ајлиш има номинација и за нејзината балада „Everything I Wanted“.

Бијоне, која инаку е жената со најголем број номинации за Греми, вкупно 79, годинава има девет номинации и главно станува збор за музика којашто ја славеше црнечката култура во годината којашто беше одбележана со расните немири во САД.

Тејлор Свифт и британската пејачка од албанско потекло Дуа Липа имаат шест номинации како и реперот Роди Рич. Јужнокорејскиот бенд BTS успеа во САД да ја освои првата голема номинација за Греи со својот хит „Dynamite“ на англиски јазик, а во неделата ќе настапи од својата татковина.

Меѓутоа, Бијонсе не е на листата музичари кои ќе учествуваат во тричасовниот спектакл, на кој ќе настапат Тејлор Свифт, корејската поп-група BTS, потоа Меган Ти Стејлион, Били Ајлиш, Хари Стајлс, латино ѕвездата Бед Бану и црната кантри пејачка Мики Гајтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.